Македонија
23. November 2016 - 13:53

Трагедија во Македонија: Паднал од камион додека работел и починал

Трагедија ја потресе Македонија, кога вчера околу 13 часот во Кичево на железничката станица, при утовар на огревни дрва во вагон, од возило „Мерцедес“ со охридски регистерски ознаки паднал 50-годишен маж и починал.

Како што пренесува полицијата, се работи за Д.Ј. од Охрид којј со возило на Итна помош бил префрлен во Медицинскиот Центар ичево, каде била констатирана смрт.

Увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител и полциијата.

Ќе се врши обдукција.