Македонија
1. August 2017 - 15:33

Трагедија во Македонија - маж загина летајќи со параглајдер

Вчера околу 16,00 часот во атар на село Мажучиште-Прилеп, 40- годишен Т.С од Р.Словачка, летајќи со параглајдер од Мечкин Камен-Крушево, паднал и починал.

Од екипа на итна медицинска помош констатирана е смрт.

Увид на местото на настанот извршил јавен обвинител и увидна екипа на Полициска станица-Прилеп, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот е предадено за обдукција.