Македонија
31. March 2018 - 11:10

Трагедија во Куманово: Додека орал со трактор, удрил во дрво и починал на лице место

Трагедија се случила вчера во атерот на село Старо Нагоричане. Според инфорамциите на МВР, вчера околу 18 часот во атарот на с.Старо Нагоричани-Куманово, Ц.М. (82) од с.Старо Нагоричани додека орал со трактор на нива на м.в.„Бела грамада“, удрил во дрво, по што тракторот се превртел, а Ц.М. починал на лице место. Увид на лице место извршила екипа од Секторот за внатрешни работи-Куманово.

Со одобрение на Јавен обвинител, телото на починатиот е предадено на семејството.