-->
-->
Трагедија во Краснојарск: Во пожар во зграда загинаа осум лица, меѓу кои четири деца
-->
Осум лица, од кои четири се деца загинале во пожар во станбена зграда во градот Краснојарск во Русија, соопшти руското Министерство за вонредни состојби.
Пожарот избил околу 22,30 часот по локално време на третиот кат од зградата , пожарникарите на местотот на пожарот пристигнале само 8 минути по добивањето на повикот, пренесе ТАСС.
„Откако пожарот е изгаснат, пронајдени се тела на осум лица, вклучувајќи и четири деца“, изјавиле од министерството.
Анонимен извор од локалната администрација за ТАСС изјавил , дека во пожарот загинале обвинителот Василиј Федорков од блискиот град.
„Во пожарот настрадале обвинителот и неговото семејство, како и семејството на неговата сестра“, истакнал изворот за ТАСС.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Во БиХ уапсени три лица кои барале пари за информација за исчезнатото девојче во Србија
-
Продолжуваат предизборните коалицирања
-
Марш на трансродовите лица
-
Во Собранието седница на Комисијата за одбрана и безбедност
-
Најмалку 38 лица загинаа во израелските напади врз сирискиот град Алепо
-
Над 20 луѓе повредени во сообраќајна несреќа во Германија
-
Мериленд доби помош од 60 милиони долари по уривањето на мостот во Балтимор
-
Сончево и топло со мала локална облачност