Македонија
18. October 2017 - 17:49

Трагедија во Козле: Работник паднал од скеле и починал

Н.И. (59) од с.Кондово, скопско, при изведување градежни работи  на ул. „Козле“ паднал од скеле, а подоцна им подлегнал на повредите.

Како што соопшти МВР, повредениот работник вчера во 13:45 часот бил донесен во Ургентен центар во Скопје, каде што како последица на повредите, подоцна починал.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.