Балкан
3. August 2016 - 11:21

Трагедија во Косово: Загина цело семејство

Три лица го загубија животот, а три се повредени во сообраќајна несреќа во Косово.
 
– Три лица од исто семејство го изгубиле животот во несреќа во која се случила околу 21:00 часот. Во несреќата повредени се уште три лица, но се надвор од животна опасност, сооштил началникот на косовската полиција.
 
Во косовските медиуми се наведува дека настраданите се од Призрен и дека причините за несреќата се уште се непознати.