Loading Video...
Свет
26. March 2018 - 17:12

Трагедија во Кемерово, најмалку 70 загинати во пожарот во трговски центар

Пожар проголта трговски центар во рускиот  град Кемерово. Најмалу 70 лица загинаа во огнената стихија.  Меѓу жртвите  може да има дури 40  деца.

Имаше многу деца таму,затоа што  сега е училишниот распуст. Тоа е поразително.

Според првични информации пожарот избувнал во една од кино  салите  на четвриот кат на кој имало и игротеки за деца.

За кратко време пламените јазици се прошириле кон останатиот дел од објектот.

- Бевме во кино на четвртиот кат. Една жена трчаше и викаше дека  мора сите да побегнеме. Побегнавме.

- Луѓето ги кршеа прозорците и излегуваа.

- Многу луѓе скокнаа?

- Да.

Повеќе од 17 часа им биле потребни на пожарникарите да се справат со огнената стихија. Четири лица се на сослушување за случајот.  Причината за пожарот се уште не е позната.