Свет
22. March 2019 - 21:28

Трагедија во Гана: 50 мртви во судар на два автобуси, преживеаните се уште се извлекуваат

Најмалку 50 лица настрадаа во судар на два автобуси во западната африканска држава Гана, а едното возило по несреќата се запалило.

Автобусите се судриле во претпладневните часови во градот Китампо, северно од престолнината на Гана, Акра, пренесе Би Би Си.

Спасувачките служби се борат да ги извлечат патниците кои се уште се заробени во возилата.

Секој автобус превезувал по 50 патници, а едното возило по сударот се запалило.

„Повеќето патници настрадале на самото место, а повредените со различни повреди се префрлени во болница“, соопштија од полицијата.