Македонија
27. March 2017 - 14:25

Трагедија во Дојран: Го нашле мртов во куќа

Голема трагедија ја потресе Македонија кога вчера во 07 часот и 30 минути во Стар Дојран, на улицата „Јане Сандански“ се запалила куќата на 50-годишниот С.Д.
 
Полицијата информира дека за жал од чадот истиот починал. Смртта е констатирана од лекар од Итна медицинска помош без траги на насилство и со изгореници по телото.
 
Од екипа на Територијалната противпожарна единица пожарот бил изгаснат. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Струмица.
 
Со согласност на Јавен обвинител телото на починатиот е предадено на семејството за погреб.