Балкан
19. July 2017 - 15:36

Трагедија во Црна Гора: Новинар и снимател загинаа во страотен судар

Познатиот новинар на РТЦГ Божо Брајковиќ и снимателот Игор Секулиќ загинаа вчера во жесток судар кој се случи на патот Подгорица - Колашин во местото Дромир.

Како што се наведува, тие се наоѓале во возило „рено меган“, а до сударот дошло кога се судриле автомобил и камион, со регистерски ознаки БА АС 498.

Возачот на камионот е повреден. Колку бил жесток сведочат фотографиите од местото каде “рено меган“ фрлен на карпа, а камионот слетал покрај патот.

Сообраќајот бил запрен во двата правци.