Балкан
10. July 2017 - 14:30

Трагедија во Црна Гора: Мајка вадејќи си ги двете деца од вода, се удави во неа

Tрагедија се случи на црногорското приморје кога мајка вадејќи си ги двете деца од вода, се удави во неа. Медиумите од регионот пренесуваат дека 36-годишна мајка од Призрен во четвртокот настрадала кога околу 18 часот и 40 минути влегла во водата откако било дигнато црвено знаме во знак на опасност од големи бранови.

Таа влегла да си ги извади децата од водата за да не им се случи нешто лошо, но брановите ја однеле.