Балкан
10. April 2019 - 14:43

Трагедија во Белград: 12-годишно дете скокнало од седми кат бидејќи не му давале да игра видео игри

Трагедија се случи во Нов Белград. Дванаесетгодишно дете почина по скок од седми кат од зграда во Нов Белград, објави РТС.

Момчето паднало пред влезот на зградата на улица Нехруева, а несреќата се случила околу половина час по полноќ.

Според неофицијални информации, надлежните се сомневаат на самоубиство бидејќи момчето оставило проштално писмо на масата, во кое наводно напишало дека се одлучило да го преземе овој чекор бидејќи мајка му не му дозволила да игра видеоигри, изјави „ТВ Прва“.