Балкан
27. January 2021 - 14:16

Трагедија во Белград: 10 годишно момче се обесило снимајќи Тик Ток предизвик

Момче(10) кое вчера беше пронајдено мртво во стан во Раковица, наводно се обесило играјќи го Тик-ток челинџот Блекаут.

Како што неофицијално се дознава, момчето останало само во станот, додека родителите му биле во продавница.

Кога се вратиле, не им ја отварал вратата, па повикале полиција и пожарникари кои преку терасата влегле и детето го нашле обесено за кревет на спрат. На почетокот се верувало дека до смрт дошло случајно за време на игра, а сега се верува дека детето всушност го играло предизвикот Блекаут, на социјалната мрежа Тик-ток – вели извор од истрагата.

Овој предизвик подразбира децата да стават каиш околу вратот, го стегаат и тоа го снимаат со мобилен телефон, додека не паднат во несвест. Во Италија пред неколку дена почина девојче(10), кое го играло токму овој предизвик.