Свет
5. January 2019 - 15:22

Трагедија во Барселона: Избувна пожар во зграда- најмалку 3 лица загинаа, бебе се бори за живот

Најмалку три лица загинаа, а повеќе од десет се повредени во пожар што денеска избувнал во станбена зграда во близина на Барселона, соопшти противпожарната служба на Шпанија.
 
Во критична состојба засега се двајца возрасни и едно бебе, а уште 13 лица добиле лекарска помош.
 
Пожарот избувнал во десеткатница во градот Бадалона кој се наоѓа северно од Барселона, на брегот на Средоземното Море.
 
Огнот е ставен под контрола, и се уште не е познато што го предизвикало.