Свет
6. February 2017 - 21:16

Трагедија во Авганистан: Лавини зедоа најмалку 119 животи

Најмалку 119 лица загинаа во лавини во Авганистан изминатите денови, соопшти Владата. 

Министерот за реагирање при катастрофи и за хуманитарна прашања Уаис Ахмад Бармак изјави дека во неколку провинции на Авганистан од лавини биле повредени најмалку 89 лица, а 190 домови се разрушени. 

Се очекува тој број да порасне, откако спасувачките екипи ќе стигнат до засегнатите реони. 

Голем број од новите жртви се откриени во североисточната провинција Нуристан, која се граничи со Пакистан, каде две села беа затрупани со снег.

Бармак наведе дека до моментов во тие села спасувачките екипи пронашле 48 тела, а над 1.000 хектари обработливо земјиште се уништени. 

Лавините, кои се случија во различни делови на Авганистан, беа предизвикани од обилните врнежни од снег.