Македонија
26. March 2018 - 22:45

Трагедија: Тетовец почина во авион пред полетување од скопскиот аеродром

Маж починал во авион пред да полета на Меѓународниот аеродром Скопје, дознава МКД.мк од извори на аеродромот.

Информацијата ја потврдуваат и од МВР.

Според неофицијални информации, за работи за тетовец, чиј идентитет засега не е познат.

Починатиот патник тргнал на лет од Скопје за Цирих, но починал уште пред авионот да полета. Случајот бил веднаш пријавен, а причината поради која тетовецот починал дополнително ќе се утврдува.

Неофицијално, тетовецот бил на возраст од 37 години.