Трагедија: Сопружници и нивната снаа се жртви во несреќата кај Гостивар
Сопружниците Ѓорге.С.(61) и Ратка.С.(56) и нивната снаа Александра.С.(28), од Кичево, се жртвите во сообраќајната несреќа што се случи синоќа на магистралниот пат Гостивар - Стража во судар на две возила.
Загинатите биле патници во возило „опел астра“ со охридски регистарски ознаки кпе го управувувал нивниот син и сопруг на Александра, Н.С. (1985) од Кичево.
Како што соопшти МВР, сообраќајкта се случила околу 19 часот на излезот од Гостивар, кај ресторан „Панорама“, помеѓу опелот и „мерцедес“ со национална ознака на Црна Гора, управуван од В.Е.(1961) од село Раотинце, Тетовско.
На местото на несреќата загинале Ѓорге.С.(61), и Александра.С.(28), а Ратка.С.(56) починала на пат кон болница. Синот, возач бил пренесен во гостиварската болница каде му е укажана медицинска помош и е задржан на лекување.
Возачот на мерцедесот 55-годишниот В.Е. е македонски државјанин, по потекло од селото Раотинце, кој повремено претстојувал во Црна Гора. Во несреќата тој добил полесни повреди и е задржан во полициска станица.
Увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител и увидна екипа од Полициската станица Гостивар. По наредба на ЈО, телата на починатите се предадени на обдукција.
За време на увидот од 19:20 до 21:20 часот сообраќајот на магистралата Гостивар - Кичево беше во прекин поради што настана застој со долги колони возила.
Ова е најтешка сообраќајна несреќа во Гостиварско годинава со најголем број жртви.
Ново на Сител
-
Ковачевски од Демир Капија: СДСМ и Коалицијата се единствена опција за европска иднина на државата
-
Силен земјотрес ја стресе Турција
-
Покрај отстапката на властите сите локални избори да бидат на 2 јуни, опозицијата се уште без став дали ќе излезе на избори
-
Николоски: На овие избори се одлучува дали Али Ахмети ќе продолжи да газдува со Македонија
-
За 3 дена во странствo ќе заработам како за 3 години тука | Ана Марија Јанковиќ | Sitel Podcast 027
-
Дачиќ за Бујар Османи: Интересно е дека Пендаровски не бил информиран за резолуцијата за Сребреница
-
Столтенберг: НАТО работи на испраќање повеќе ПВО системи во Украина
-
Бислими: Српската страна не нуди идеи за решавање на проблемот на употребата на динарот на Косово