Македонија
26. March 2017 - 11:54

Трагедија: Скопјанец изгоре во пожар во својот дом во Кисела Вода

Вчера околу 21.30 часот во Скопје на ул. „Христо Татарчев“ настанал пожар во куќа сопственост на К.М. (65).
 
Во пожарот куќата целосно изгорела. Од страна на Бригадата за противпожарна заштита во куќата било пронајдено и едно изгорено тело.
 
Увид ќе се врши во текот на денешниот ден.