Свет
18. December 2017 - 9:25

Трагедија: Се запали бордел, загинаа четири лица

Четири лица загинале, а осум други се повредени во пожар кој избил во јавна куќа во јапонскиот главен град Токио.

Меѓу загинатите се две млади жени и средовечен маж, а во котларницата на трокатниот објект е најдено уште едно неидентификувано тело. 

Од повредените, една жена е во критична состојба.

Пожарот се случил во делот на Токио, кој е познат како место каде што се наоѓаат борделите.