Балкан
13. October 2016 - 12:52

ТРАГЕДИЈА: Се скарал со девојка му и со БМВ удрил во автомобил со млад брачен пар- 3 лица загинати

Се скарал со девојка му и ѝ порачал дека ќе се убие. Потоа, со своето БМВ директно удрил во автомобил во кој се превезувал млад брачен пар. Загинале сите тројца. Страшна трагедија пренесуваат хрватските медиуми. Во вторникот вечерта околу 21 часот во близина на Осјек, Хрватска.

34-годишниот Горан се скарал со својата девојка. Во станот каде што живееле била повикана полиција. Тој тогаш ги земал клучевите од автомобилот и ѝ рекол дека ќе се убие.

soobrakjajka

По половина час, стигнале страшните вести. Покрај Горан на лице место починале и 43-годишниот Слободан и неговата 37-годишна сопруга Сања.

soobrakjajka1