Балкан
21. јуни 2016 - 8:33

Трагедија: Се преврте автобус со туристи, петмина загинаа

Пет лица загинаа, а 26 се повредени утрово откако словечки автобус се преврти на автопатот Белград-Ниш, во близина на Алексинац. 

Несреќата се случи утрово околу 3:30 часот.

Туристите од Словачка се враќале од  Крф, Грција. Во возилото имало   29 патници и двајца возачи. 

Екипите на Брза помош згрижиле 26 патници, додека петмина патници останале заробени под превртениот автобус.