Свет
1. September 2017 - 11:23

Трагедија: Се преврте автобус полн со деца, загинаа 11 ученички и возачот

Во автобуска несреќа во Иран денеска загинаа 11 ученички и возачот на автобусот.

Во несреќата исто така се повредени 30 лица, од кои 13 се наоѓаат во критична состојба.

Тие патувале кон градот Шираз на спортско-културна манифестација кога автобусот се превртел кај местото Дараб.