Балкан
6. January 2017 - 10:44

Трагедија: Првата жртва од студот е мајка на три деца

Во Хрватска е регистрирана првата жртва од студот, а станува збор за женско лице кое е пронајдено утринава на патот меѓу Хлебин и Габајева Грека кај Копривница.

Обдукцијата не покажала дека жената починала од насилна смрт, па е исклучена и можноста дека настрадала во сообраќајка.

Се претпоставува дека жената починала од последиците на смрзнување, пренесува загребскиот „Јутарњи лист“.

Неофицијално, жената била мајка на три мали деца.