Македонија
24. August 2015 - 13:13

Трагедија: Прилепчанец се фрли од прозорец во болница

Трагедија ги потресе жителите на Прилеп. 62- годишниот С.В од Прилеп поради повреди на вратот вчера побарал и бил примен на лекарски третман во хирушкото одделение. При интервенција на медицинскиот персонал за санирање на повредите на вратот, Вељаноски од засега непознати причини станал од хирушкиот стол и преку прозорец се фрлил од вториот кат на болницата.

На прилепчанецот му била веднаш укажана лекарска помош, но по еден час тој им подлегнал на повредите.

Кои се мотивите за 62-годишниот прилепчанец да се фрли надлежните органи истражуваат.