Балкан
17. April 2017 - 19:06

Трагедија пред Велигден: Автомобил удри дете (13), лекарите се борат за неговиот живот

На патот Лозница - Зајачар, во центарот на селото Воќњак синоќа околу 19 часот автомобил налетал на 13-годишното дете Д.М. од Лозница. Детето кое било на велосипед излегувало од споредниот на главниот пат и од ударот на автомобилот се здобил со повреди опасни по живот.

Повреденото дете е префрлено во Општата болница во Лозница, од каде е префрлен во белградскиот Ургентен центар каде лекарите се борат за неговиот живот.

Зад воланот на автомобилот бил 18-годишниот Стефан А. од Лозница, кој како што е утврдено, немал алкохол во крвта.

Повреденото дете во очи Велигден бил кај своите баба и дедо во селото Воќњак од каде тргнал кон Лозница.