Џет-Сет
13. November 2017 - 21:56

Трагедија: Познат спортист загина на тренинг

Францускиот скијач Давид Пуасон почина во 35. година по пад на тренинг во Канада, соопшти Скијачкиот сојуз на Франција.

Пуасон, кој на Светското првенство 2013 година освои бронзен медал во спист, почина во петокот.

Тој тренираше во канадското одморалиште Накиска, подготвувајќи се за престојните трки од Светскиот куп.

Скијачкиот сојуз на Франција не објави други детали.