Џет-Сет
9. September 2017 - 10:34

Трагедија: Познат пејач загина неколку часа пред најавениот концерт

Трој Гентри, член на музичкото дуо Монтгомери Гентри, загина вчера во пад на хеликоптер само неколку часа пред концерт, се наведува во веб страницата на бендот.

Хеликоптерот се урна во шумската област во близина на аеродромот Flying W во Медфорд, само неколку часа пред концертот, кој требаше да се одржи во едно одмаралиште.

Деталите од трагедијата се уште не се познати, се додава на сајтот.

Гентри е роден на 5 април 1967 година во Лексингтон, во Кентаки, каде го запозна Еди Монтгомери, со кој ја формираше групата наречена по нивните презимиња.