Балкан
7. December 2017 - 11:28

Трагедија: Погребана Тања, полицајката која се самоуби поради невозвратена љубов

Полицајката Татјана Тања Вучковиќ (36) која во неделата изврши самоубиство во Белград е погребана вчера во родниот Брус. Пријателите на семејството и натаму се во шок и не можат да поверуваат дека Тања кренала рака на себе.

Никој од нив не знае што е вистинската причина, но се нагаѓа дека страдала поради несреќната љубов.

-Живеела во изнајмен стан во Котеж, сама. Велат дека била во љубовна врска со девојка која многу ја сакала, но дека нивната врска била прекината и дека тешко се носела со тоа. Не доаѓала често во Брус, но ќе остане запаметена како весела, пријатна и убава девојка. Нијзиниот татко исто така бил полицаец, но со години е во пензија и живее во Брус, раскажува пријател на семејството Вучковиќ.

Телото на несреќната жена која била вработена во Управата за обезбедување на МВР Србија, пронајдено е во неделата, обесено на радијатор. Нејзините колега велат дека била вреден работиник и дека имала амбиции да напредува.

-Беше исклучително посветена на работата. Во последно време работела на пријавница, но се надевала дека ќе биде префрлена на други работи и дека наскоро ќе биде распоредена на задача да чува личност. Во приватниот живот не зборувала многу, но нејзините блиски пријатели знаеле дека страда поради љубов, вели колега на покојната жена.