Трагедија: Починал зад воланот одејќи на гробишта кај сопругата
Жителите на винквачкото Ново село немо посматрале како лекарите не можат да го спасат животот на 62- годишен човек
Имено, возачот на „опелот“ од возел од Привлака низ Ново село кон локалните гробишта. Тука пред нколку месеци му била закопана сопругата која починала од рак и чиј гроб овој несреќен маж често го посетувал.
Носел цвеќе и палел свеќи. Тоа имал намера да го направи и кобниот ден. Но додека се возел со автомобил, одеднаш му се слошило. Не можел повеќе да вози, па нагло свртел од патот и паднал во мал канал од другата страна на улицата.
Бидејќи возачот не мрдал, мештаните кои ја видела сообраќајката повикале и полиција и брза помош.
-Го извадивме од автомобилот, но не покажуваше знаци на живот. Му дадоа инфузија и еден доктор почна да го реанимира. Тоа траеше долго, речиси половина час. По некое време рекоа дека умрел и дека му нема спас. Ние тоа во шок го гледавме. Некои од нас го познаваат. Знаеме дека тука има роднини, семејство на сопругата. Во меѓувреме дојде и син му, кој рече дека тој одел на гробишта и дека најверојатно добил срцев удар додека возел, вели една жена пред чија куќа се случила несреќата.
Од вуковарско - сремската полиција потврдија дека возачот не умрел како последица на сообраќајна несреќа, туку со природна смрт.
Ново на Сител
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација
-
Претседателски избори 2024: Утре први гласаат членовите на ИО кои ќе ги спроведат изборите во дијаспората
-
Нови 46 случаи на голема кашлица од 12 до 18 април, хоспитализирани девет лица
-
ЕУ повикува сите актери на Блискиот Исток да работат на деескалација на тензиите