-->
-->
Трагедија: Почина познат македонски новинар
-->
Утрово околу 2 часот по полноќ во својот дом во Делчево, ненадејно на 52-годишна возраст почина новинарот Стојанчо Антовски. Во војата новинарска кариера, Антовски работеше како дописник на МРТВ, а во родното Делчево беше дел од првата постава новинари кои ја започнаа програмата на јавната локална радио-телевизија во Делчево, позната како Радио-телевизија Делчево.
Негов последен проект беше Радио „Зора“, единствено радио во Делчево со информативен и забавен карактер. Делчевци ќе го паметат по многубројните репортажи и новинарски записи со кои го бележеше живот во Делчево, а колегите, како искрен и пожртвуван пријател. Антовски зад себе остави сопруга и две ќерки.
Погребот ќе се изврши утре во 11 часот на градските гробишта во Делчево.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
61% од учениците жртви на психичко насилство, 30% не се чувствуваат безбедно во училиштата
-
Иновативниот пристап препознат кај водичите
-
Експлозија на Косово: Курти ја обвинува Србија, Белград говори за намерна диверзија
-
Преглед на вестите од светот
-
Вооружен грабеж во продавница на Градски стадион - уапсени две лица
-
Мерки притвор
-
Хаос и караници на вонредната седница на советот на Град Скопје
-
Тема на денот со Борче Треновски