Македонија
30. September 2017 - 8:26

Трагедија: Почина градежен работник по пад од скеле

Триесет иосумгодишен работник од струшкото село Октиси вчера починал откако паднал од скеле при изведување градежни работи.

МВР соопшти дека вчера во 16:45 часот во Гевгелија при изведување градежни работи на куќа сопственост на А.Д., од скеле паднал С.У. (38) од село Октиси-Струга, кој бил ангажиран преку фирмата „Мансард“ од Гевгелија. Од здобиените повреди, на пат кон Здравствен дом Гевгелија, С.У. починал.

Увид на лице место извршила екипа од Полициска станица Гевгелија и државен инспектор за труд. По наредба на Јавен обвинител над телото на починатиот ќе се врши обдукција