Македонија
11. April 2018 - 12:28

Трагедија: Почина 68. годишен маж кај Прилеп

Починал маж кај местот викано „ Рамниште“ кај  Прилеп. Според информациите на МВР, вчера  во 07,00 часот во Полициска станица Кавадарци, З.Т.(55) од Неготино пријавил дека на патот во изградба Дреново-Прилеп, поточно кај место викано „Рамниште“  бил пронајден починат чуварот Р.Т.(68) од село Возарци. Од страна на Итна медицинска помош е констатирана смрт. По наредба на јавен обвинител телото на починатиот е предадено за обдукција.

Извршен е увид на местото на настанот.