Свет
3. July 2016 - 11:44

Трагедија: Петмина загинаа, 25 се повредени во автобуска несреќа

Пет лица загинаа, а 25 се повредени во судар на автобус и трактор во Флорида, по што обете возила се запалија, соопштија локалните власти.

Автобус од Џорџија вчера превезувал 34 лица, работници на фарма, кога налетал на трактор.

Окружниот шериф Чарли Крил изјави дека неговите луѓе затекнале грозничава глетка и хаос на местото на несреќата и оти успеале од автобусот во пламен да ги извлечат преживеаните.