Свет
6. November 2016 - 9:36

Трагедија: Пет лица загинаа во експлозија на гас

Пет лица загинаа во експлозија на гас во станбена зграда во градот Иваново во Централна Русија, јави ТАСС.

Меѓу загинатите е тричлено младо семејство со четиригодишно девојче, соопшти локалната канцеларија на Министерството за вонредни ситуации. 

Жителите на зградата беа евакуирани. Спасувачите извлекоа од урнатините осуммина преживеани. Четворица се сместени во болница, а другите четворица добија лекарска помош на лице место.

- Спасувачките екипи ја завршија својата работа, на местото на несреќата нема повеќе луѓе. Во тек е расчиствување на остатоците и на урнатите конструкции, се вели во соопштението на Министерството. 

Експлозијата разурнала четири апартмани во двокатна зграда, без при тоа да предизвика пожар. 

Причина за експлозијата во зградата, која е изградена во 1962 година, можеби е истекување на гас од дотраена инсталација, изјави експерт од службата за гас.