-->
-->
Трагедија: Неготинец починал откако испил отров
-->
- Четириесет и шестгодишен жител од неготинското село Тремник вчера починал откако испил отров во семејната куќа.
Како што е наведено во полицискиот билтен, синоќа во 19:30 часот во Полициската станица Неготино било пријавено дека во Медицинскиот центар во Кавадарци бил донесен починат З.С. (46) од село Тремник–неготинско, кој околу 17:30 часот во семејната куќа во село Тремник испил одредена количина на отров.
Неговиот татко го однел во Итната медицинска помош во Неготино, но поради сериозноста на неговата здравствена состојба веднаш бил пренесен во Медицинскиот центар во Кавадарци каде од лекар била констатирана смрт.
По наредба на јавен обвинител телото на починатиот било пренесено во Институтот за судска медицина во Скопје за обдукција.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
СЗО за консумирање алкохол и електронски цигари кај адолесцентите: Состојбата е алармантна
-
Белгиски медиуми: Македонија оди во втор круг гласање од кој и зависи европската иднина
-
Ангелов: Граѓаните ја отпишаа СДСМ, сите заедно да ги отпишеме и ДУИ
-
Тројца уапсени во врска со истрагата за поткуп против рускиот заменик министер за одбрана
-
Грчката фрегата соборила беспилотно летало во Црвеното море во рамките на операцијата „Аспидес“
-
Александар Ѓорчевски со нова жалба пред Врховен
-
Почина Велибор Џаровски - Џаро
-
Приведен тетовец баран со потерница