Свет
18. April 2016 - 12:05

Трагедија: Над 400 имигранти се удавија при бродолом во Медитеранот

Над 400 илегални имигранти се удавија во водите на Средоземното Море, при превртување на бродот со кој се обидувале да стигнат до бреговите на Европа, јави Би-Би-Си, повикувајќи се на египетски извори.

Според британскиот јавен радиодифузен сервис, најголем дел од загинатите биле по потекло од Сомалија. 

Бродот со имигранти, кој се упатил кон Италија, се превртел во близина на африканскиот брег.