Македонија
29. April 2019 - 11:03

Трагедија на Велигден: Изгубил контрола над возилото и излетал од патот

Маж почина на Велигден во сообраќајна несреќа во прилепско, информира МВР. Вчера во 17:40 часот на локалниот пат село Крушеани-село Обршани, прилепско, 59-годишниот В.К. од село Подвис, управувајќи патничко возило „Пежо306“ со прилепски регистарски ознаки, изгубил контрола и излетал од патот.

По незгодата возачот со возило на Итна медицинска помош Прилеп бил пренесен во болница во Прилеп, каде во 18:40 часот починал. Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициската станица Прилеп.