Балкан
29. October 2015 - 14:00

Трагедија на Света Петка: Жена ископала дупка во дворот, нејзиниот сопруг паднал и се удавил!

Богољуб Стефановиќ (75) од селото Островица во близина на Ниш се удавил во дупка полна со вода во предниот дел на својата куќа.
 
Старецот паднал на големиот празник Света Петка, а паднал на глава во дупка длабока метар и половина која ја ископале поради пукање на водоводната цефка.
 
За немилиот настан сопругата се обвинува самата себе и вели дека не може да поверува што се случило.
 
- Проклета да сум, му ископав гроб на сопствениот маж пред куќата за да се удави, - низ солзи зборувала жената.
 
Подрумот бил поплавен, некаде била оштетена водоводната цефка па ископале дупка за да го откријат дефектот. На кратко го оставила сопругот до дупката, а кога се вратила тој веќе бил внатре.
 
Повикала Брза помош, но веќе било касно, бидејќи со соседката го извлекле веќе помодреното тело.