Македонија
29. December 2018 - 8:09

Трагедија на патот Гостивар-Тетово, прегазен маж, отворена истрага за случајот

Педесет и двегодишен маж почина синоќа во сообраќајна несреќа на автопатот Гостивар-Тетово во близина на гостиварската патарина.
 
Според првичните информации на СВР Тетово, несреќата се случила околу 19 часот кога автобус со гостиварски регистерски ознаки удрил во пешак кој се нашол на коловозот. На местото на настанот дошла екипа на брзата помош, а лекар констатирал смрт на лицетот за кое се претпоставува дека е од  гостиварското село Форино.
 
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гостивар заедно со екипа од Министерството за внатрешни работи вчера врши увид на местото каде се случи сообраќајна несреќа во која животот го загуби едно лице, информираат од Јавното обвинителство на Република Македонија (ЈОРМ).

Според првичните информации, како што наведуваат, несреќата се случила откако автобус со гостиварски регистарски ознаки удрил во пешак кој се движел по магистралниот пат Гостивар – Охрид. Како последица на настанатите повреди лицето го загубило животот.

-Јавниот обвинител издаде наредби за обезбедување и прибирање на траги од лице место и за утврдување на евентуално присуство на алкохол во крвта на возачот на автобусот. Издадена е наредба за вршење обдукција на починатото лице. Основното јавно обвинителство Гостивар презема дејствија за целосно расчистување на настанот, соопшти ЈОРМ.​