Балкан
3. January 2017 - 11:34

Трагедија на новогодишната ноќ: Марија и Магдалена си легнале да спијат и никогаш не се разбудиле

Голема трагедија се случила на новогодишната ноќ во местото Долна Махала во Босна и Херцеговина. Две млади девојки, Марија Дамјановиќ и Магдалена Доминовиќ кои имале по 20 години, починале откако заспале во просторија со неисправен уред на греење со плин.
 
За трагедијата да биде уште поголема, девојките работеле во Виена, а во Босна отишле за да ја дочекаат новата година. Откако не се јавувале не бројните телефонски повици, нивните безживотни тела ги пронашол таткото на Марија кој на сила ја отворил вратата во станот каде престојувале. Несреќните девојки ги нашле вчера, дури во 11.30 часот наутро.
 
Иако причината за смртта не е официјално потврдена, нејверојатно истекување на голема количина плин е причината за нивната смрт, а на телата немало никакви траги од насилство.