Свет
8. May 2018 - 8:33

Трагедија на небото над Сирија - се сруши руски хеликоптер

Руски хеликоптер Ка-52 вчера се урна во Сирија, а двајцата пилоти загинаа, соопшти руското Министерство за одбрана.

Хеликоптерот се урнал за време на „рутински лет“ над источна Сирија.

Телата на пилотите се пронајдени.

Според прелиминарните информации, причина за падот на хеликоптерот најверојатно е техничка неисправност.

МИА