Македонија
9. December 2017 - 10:26

Трагедија на македонските патишта - има мртви и повредени

Дваесет и четиригодишно момче загина во сообраќајка утрово на автопатот Неготино-Гевгелија. Како што информираше за МИА Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес, сообраќајната несреќа се случила околу 3 часот и 30 минути кај местото викано Арсова Лака.

- Во незгодата учествувале патнички автомобил марка “сеат леон” со неготински регистарски ознаки управуван од 24-годишниот С.Ј од Неготино и патнички автомобил “мерцедес” со скопска регистрација, управуван од 65-годишниот Ѓ.Ч од Скопје, соопшти Додевски.

Возачот на сеатот починал на лице место, а возачот на мерцедесот со тешки телесни повреди бил префрлен во Општа болница Кавадарци