-->
-->
Трагедија на Градскиот Стадион во Битола
-->
Трагедија се случила на Градскиот Стадион во Битола, работник падна од скеле. Според инфромациите на МВР, вчера околу 11.45 часот во СВР Битола било пријавено дека на Градскиот стадион во Битола, при изведување градежни работи на објект во изградба, Д.Д.(58) од село Црнобуки, битолско, паднал од скеле на бетонска подлога.
Од екипа на Итна медицинска помош бил пренесен во Клиничката болница во Битола каде му биле констатирани тешки телесни повреди, а во 19.30 часот починал.
Увид на местото извршила екипа од СВР Битола во присуство на трудов инспектор. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
ДИК: Oбработени 96,37% од гласовите, Силјановска Давковa 351.826 - Пендаровски 174.658
-
ДИК: Oд обработени 90,18% oд гласовите Силјановска Давкова 325.150, Пендаровски 162.062
-
Ковачевски: Знам дека многу наши поддржувачи се разочарани, но сега не е време за откажување
-
ДИК: Oд обработени 87,17% oд гласовите Силјановска Давкова 315.638, Пендаровски 156.406
-
Мицкоски: Победуваме со над 170.000 гласа разлика
-
Пендаровски: Резултатите не се такви какви што ги очекувавме
-
Пендаровски: Резултатите не се такви какви што ги очекувавме
-
Димитриевски: Испишуваме историја, се роди 3-тата политичка сила во македонскиот политички блок