Балкан
11. јуни 2019 - 14:52

Трагедија на екскурзија во Прага: Ученик од БиХ падна од прозорец на хотел, загина на место

Седумнаесетгодишен ученик на Средното техничко училиште за графички технологии, дијзан и мултимедиа од Илиџа загина денеска по пад од прозорец на хотел во Прага, каде учениците престојувале на екскурзија.

Ова за сајтот Српскаинфо го потврди директорот на училиштето Фуад Дургут.

-Во тек е увид кој го извршува полицијата во Прага по што ќе имаме повеќе информации - додаде Дургут.

Дургут потврди дека за трагедијата се известени службениците на Амбасадата на БиХ во Прага.