Балкан
16. February 2017 - 16:15

Трагедија на автопат: Загинаа маж и жена

Слободан Јеремиќ (75) и неговата сопруга Лепосава (73) загинаа, а пет лица се повредени во верижен судар на излезот од автопатот во Мал Пожаревац кон Младеновац.

Во сударот учествувале пет автомобили, а точната причина на несреќата не е позната. Несреќата се случила вчера околу 11 часот.

Пожарникарите го сечеа лимот

-Во правец кон Младеновац се движел камион, а зад него одела колона автомобили. Едно возило тргна да претекнува, а по него трнаа „форд фиеста“, „пунто“. „шкода“ и „ситроен“. Меѓутоа од спротивниот правец се движеле „фолсваген пасат“ кој го закачил камионот за да ги пропушти овие возила. „Пасатот“ почнал неконтролирано да врти по патот, а возилата се судриле меѓу себе обидувајќи се да ги избегнат, вели извор.

Несреќните сопружници се наоѓале во „фордот“ со уште еден патник, а возилото од силината на ударот одлетал на банкината.

-Слободан излетал од автомобилот и речиси влегол во дворот кој се наоѓа покрај патот, додека Лепосава останала во автомобилот. Двајцата починале на самот место, вели соговорникот.

Užas... Delovi automobila razbacani po putu

Одлетала во канал

- За да ги ослободат петмината повредени од неколку автомобили, морале да интервенираат и пожарникари. Патниците се наоѓаат на дијагностика, а засега е само едно лице ќе биде хоспитализирана, вели извор.

На местото на несреќата се расфрлани делови од автомобилите.

-Марија Л. која управувала со „ситроенот“ раскажа дека држела растојание, но дека „пасатот„ одеднаш излегол пред неа и почнал неконтролирано да се движи. Таа се обидела да избегне, но ја закачил па одлетала во каналот и се превртела.

Ги извлекол низ прозорец повредениот возач

Рајко С. возачот од камиотнот во кој удрил пасатот вели дека во ретровизорот видел дека возилата се вртат.

-Не видов како се удриле другите возила, одеднаш сите летаа по целиот пат, вели Рајко С.

Возач на камионот го извлекол мажот од пасатот.
- Возев камион во правец на Младеновац кога го видов судаорт. Го извлеков човекот низ прозорец, најдов шише вода и го измир. Тогаш дојде Брза помош и го однесе во Ургентен, вели камионџијата Далибор Митиќ.