Балкан
17. February 2017 - 10:48

Трагедија на автопат: Еден загинат во директен судар на шлепер и автомобил

Едно лице загина, а друго е повредено во тешка сообраќајна несреќа што се случи на магистралниот пат од Пријепоље кон Бистрица.

Идентитетот на загинатиот се уште не е утврден, а повредениот итно е префрлен во ужичката болница.

Според неофицијалните податоци, дошло до директен судар на автомобил со прибојски регистарски таблички и товарно возило, а загинатиот и повредениот биле во патничкиот автомобил.