Трагедија на Алпите: Еден мртов, тројца повредени
Еден од четворицата скијачи повредени во лавината во швајцарското скијалиште Кран-Монтана му подлегна на повредите, соопшти полицијата.
Потрагата која траеше цела ноќ по останати можни затрупани, беше прекината утрово.
„Лицето кое беше тешко повредено умре синоќа во болница. Се работи за Французин стар 34 години“, напиша полицијата на кантонот Вале преку твитер.
Лавината се одронила во секторот на Плен-Морт, зафаќајќи површина во должина од околу 840 метри и во широчина од 100 метри. Нема други заглавени во неа, како што претходно се мислеше.
Во акцијата за потрага по затрупаните скијачи учествуваат над 240 лица и осум хеликоптери.
Според локалните власти, лавината се одронила поради растот на температурата на воздухот во текот на минатата недела, што предизвикало забрзано топење на снегот.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација