Македонија
17. January 2017 - 13:57

Трагедија: Мртов маж пронајден зад „Буњаковец“

Вчеравечер во 21,10 часот во полициската станица ОН-Центар телефонски било пријавено дека на ул. „Иван Милутиновиќ“ непознато машко лице на возраст од околу 60 години лежело во бесознание и не давало знаци на живот.
 
Од страна на лекар од Итната медицинска помош била констатирана смрт, а по наредба на јавен обвинител, телото на починатото лице е предадено на обдукција.