Македонија
23. February 2017 - 10:15

Трагедија: Мртов маж пронајден во Илинден

Безживотно тело на маж вчера утрината околу 10 часот е пронајдено на местото викано Пуста Кула во населбата Илинден.

Случаен минувач го зебележал починатиот и веднаш пријавил во полиција. Утврдено е дека починатиот е 65-годишниот Д.Д. од скопско Трубарево. Смртта била констатирана од лекар од Итна медицинска помош.

По наредба на јавен обвинител на телото на починатото лице ќе биде направена обдукција со цел утврдување на причините за смртта.