Македонија
3. May 2016 - 12:46

Трагедија: Младо момче загина во сообраќајка кај Ресен, петмина сопатници тешко повредени

Вчера околу 06.30 часот на магистралниот пат Битола-Ресен се случила сообраќајна незгода во која В.Ј. (26) од Скопје, управувајќи патничко моторно возило „Фиат Стило“ со гостиварски регистарски ознаки, изгубил контрола над возилото, удрил во заштитните еластични огради од левата и од десната страна и излетал од коловозот.

Од здобиените повреди возачот В.Ј. починал на местото на настанот, додека сопатниците Д.К. (24) и В.М. (26) од Скопје, М.Т. (26) и М.З. (21) од Битола и С.Д. (21) од Гостивар, се здобиле со телесни повреди.  

По укажаната медицинска помош во  ЈЗУ Ресен, тие се префрлени во КБ-Битола.

Увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител и екипа од ПС-Ресен.

По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е предадено на обдукција.